Оваа сабота правиме спој на елегантен и спортски изглед.

Наш предлог е да комбинирате неколку парчиња во беж нијанси: блуза или ролка, панталони и мантил, а на овој аутфит да додадете патики со што ќе постигнете кежуал ефект.

Постојат повеќе опции како стилски да го надополните овој изглед со различен избор на модн додатоци, но нема да погрешите ако одберете суптилен накит во златни нијанси и чанта со мини или средна големина, што може да ја носите или преку рамо или со кратка рачка.

Уживајте во викендот!

Објавено:
16 ноември 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
2.344 пати