СТАЈЛИНГ НА ДЕНОТ

Сабота во бледо жолто сатенско слип здолниште и бел топ

30 јули 2022

Добро утро!

Саботните утра се резервирани за бранч со пријателите. За овие прилики важно е да изберете комбинација во која ќе се чувствувате удобно пред сè, но секако, тоа не значи да се откажете од софистицираниот и елегантен стил по кој сте препознатливи во остатокот од неделата.

Со едноставен бел топ кој имитира корсет и едноставно бледо жолто сатенско слип здолниште, во комбинација со нежен и деликатен златен накит, сламена чанта и пријатни сандали, вие сте веќе подготвени да го освоите почетокот на викендот.

Фото: Pinterest

Уживајте во денот!

Објавено:
30 јули 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
309 пати