Јуни, сабота, сонце... Идеално да излезете од дома и да уживате во убавините што ги носи денот. Затоа ние за денес ви одбравме токму таква комбинација - лежерна, за уживање.

Фустанчето во кремава нијанса со плетенина е едно од парчињата што ова лето сигурно ќе ви требаат. Не само што сте тренди, туку ви дава и чувство на леснотија.

Со оглед на тоа дека викендов има неколку креативни настани во Скопје, ова е идеална комбинација во која можете да излезете и да си поминете одлично. Фустанчето го искомбиниравме со сандали на врзување со широка потпетица, со што нема воопшто да имате проблем при прошетките.

Од модните додатоци одбравме долго ланче, и чанта со прнт, за бохо нота на кобинацијата.

Младешки, летно и лесно! Уживајте во викендот!


Комбинација: Fashion Group

фустан/сандали/чанта -  Манго

ланче: Парфоа

Модел: Мартина Пенева

Модна агенција: Моделс Ин

Шминка и фризура: Infinito Skopje

Објавено:
11 јуни 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
703 пати