Без разлика какви се вашите планови за овој викенд, погрижете се да оставите впечаток каде и да се појавите. Малиот црн фустан секогаш е добар избор за било каква пригода, а со оглед на временските услови истиот мора да го комбинираме со нешто плус. Денешниот наш избор е ова стилско и топло џемперче со животински принт во црно – бела нијанса и чизми над колената како едни од најпосакуваните оваа сезона. Се разбира, за одозгора одберете и капутче што ќе ви одговара и мини чантичка која совршено се вклопува во комбинацијата. Од накит денеска носиме интересни прстени кои во последно време се некако сосема доволни да ја украсат било која комбинација.

Уживајте во саботата! 

Комбинација: Fashion Group

Фустан, џемпер: Mango

Чевли: Bata

Чанта, прстени: Parfois

Модел: Марго Бојаџиева

Модна агенција: Моделс Ин 

Шминка: Елена Андовска

 

Објавено:
26 ноември 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
648 пати