Добро утро! Викендот ни почнува со сонце, па инспирирани од убавото време одлучивме денешниот предлог да биде комбинација која нè асоцира на пролет.

Цветен фустан со висок околувратник и долги ракави, со асиметрично здолниште и мали карнери е нашиот денешн избор.

Половината е исто така истакната, но вие можете дополнително да додадете ремен.

Фустанот е во комбинација со високи чизми, во случајов се црвени и мала чанта. Вие додадете и тенок капут и уживајте во викендот!

Објавено:
29 февруари 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
2.849 пати