Добро утро. Овој месец го завршуваме со нова предлог-комбинација за инспирација. Доколку имате цветен фустан на прерамки во гардероберот, извадете го.

Овој на конкретната фотографија е во црвени нијанси, но вие одберете ја бојата што ви е омилена.

Додадете плетена мала чанта, додека изборот на обувки направете го според пригодата - сандали, балетанки, еспадрили, мокасини... 

Изгледот завршете го со очила за сонце и дискретен накит.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
31 јули 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
376 пати