Овој викенд искористете го максимално за да се посветите на себеси и да уживате во секој миг. Договорете се за прошетка надвор, кафе или ручек со пријателите и блеснете во шик комбинација.

Денеска носиме интересно долго фустанче со откриени рамена во неодолив цветен принт. Го комбинираме со рамни сандали во кафена нијанса и чанта во иста боја.

Комбинацијата надополнете ја со сламена шапка во крем нијанса и секако, очила за сонце.

Пријатен викенд!

Објавено:
18 август 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
519 пати