После дождот доаѓа сонце! Иако вчеравечер имавме можност да уживаме во дождот, утрово се разбудивме со прекрасно сонце кое веруваме дека внесе инспирација во вашиот живот! За денешните обврски или прошетки со најблиските, одберете шармантна пролетна комбинација составена од искинати фармерки и слатка блузичка со откриени рамена во цветен принт. Комбинацијата надополнете ја со нежни сандалки во бела боја и чантичка во една од нијансите на блузата. Што се однесува до накитот, носиме нежни обетки и впечатлива алка, а секако не заборавајте ги и очилата за сонце.

Објавено:
4 јуни 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
607 пати