Добро утро. Сабота е, има сонце, а и времето на движење ни е овозможено денеска до 15 часот. Затоа, конечно можете малку да го искористите денот и да уживате во топлите зраци.

Нашиот предлог за стајлинг на денот е лежерна и пролетна комбинација.

Цветно здолниште со фалти и миди должина е во комбинација со бела маица на кратки ракави. Патики се изборот на обувки, а чантата е во форма на плетена корпа или цегер, со бели елементи.

Додајте и очила за сонце и тексасна јакна доколку сте позимурливи и уживајте во денот!

Објавено:
25 април 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
547 пати