Добро утро.

За многумина, сабота е ден за кревет и одмор. Но, доколку сепак сакате да излезете, облечете се топло.

Нашиот предлог е лежерна комбинација составена од џинс и дуксер со качулка. На тоа додадете капут, а изборот на обувки нека се или патики или чизми.

Она без што никако не треба да излегувате се топли модни додатоци - капа, шал и ракавици.

Додадете чанта или ранче и сепак искористете го денот најдобро што можете.

Ви посакуваме убава сабота.

Објавено:
25 декември 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.275 пати