Сабота во џемпер + здолниште со цветен принт
•
27 февруари 2021
Сонцето и температурата дозволуваат да го облечете омиленото цветно здолниште кое цела зима чекаше во гардероберот.
Комбинирајте го со краток џемпер во боја која одговара на здолништето.
Додадете чанта и чизми во иста боја, а ако саботата ја користите за пазарење, понесете си и плетена торба со себе, во стилот на Џејн Биркин. Освен што дефинитивно ќе ви заврши работа, ќе имате и каде да ги сместите намирниците и свежото цвеќе.
Имајте убава и опуштена сабота!