Сабота во џинс и џемпер со принт
•
5 март 2022
Добро утро. Викенд е и време конечно малце да се опуштиме после работната недела. Доколку денеска планирате да се видите со пријателите или пак можеби да одите во шопинг, а не знаете што да облечете, ние имаме еден предлог.
Фармерки со широки ногавици и висок струк (може да се поткинати како на фотографијата, но и не мора), ги комбинираме со џемперче со животински принт.
Комбинацијата е заокружена со очила за сонце и чевли, а вие можете да ги замените и со чизмички до глужд или патики.
Вие што имате слободен викенд, уживајте во него максимално, а на вас што се дружите со нас на работа, ви посакуваме убав работен ден.