Утрово се разбудивме со прекрасно и сончево време, па сега е вистински момент да се дотераме и да го поминеме денот најдобро што можеме.

Договорете кафе со пријателките или прошетка во парк и облечете супер удобна комбинација во која ќе уживате.

Носиме стилски фармерки во светла нијанса и ги комбинираме со едноставно кафено џемперче и бели патики.

Одозгора, на комбинацијата додајте и шик карирано долго палто кое е совршено за овој период од годината.

Чантата е црна и лакирана, а и денеска задолжителни се очилата за сонце.

Уживајте во денот!

Фото: Pinterest

Објавено:
16 март 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
578 пати