Сабота во џинс и кошула со карнери
•
20 април 2019
Викенд е, има сонце - идеални услови за добро расположение и прошетки. Инсприрани токму од убавото време и можноста да се искористи на најдобар можен начин, нашиот денешен предлог е една лежерна, удобна, а сепак тренди комибинација.
Стајлингот од фотографијата е составен од џинс со прави ногавици и поткинати делови и бохо кошула со карнери. Деколтето е на V, а ракавите се малку широки и „пуфнасти“.
Комбинацијата е заокружена со кафена чанта со реси и балетанки или сандалки на мала потпетица.
Ви посакуваме да имате супер викенд!