Добро утро. Сабота е, има сонце, одличен ден за прошетка и релаксација. Во согласност со тоа, нашиот денешен предлог за стајлинг е една полежерна комбинација.

Составена е од фармерки и бела кошула со карнери. Чизми на врзување се изборот на обувки, но вие можете да ги замените и со патики.

Мала чанта или ранче, беретка и очила за сонце ќе му дадат француски шмек на вашиот изглед.

Ви посакуваме убав викенд.

Објавено:
3 октомври 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
971 пати