Сабота во џинс и топол џемпер
•
6 февруари 2021
Добро утро. Ако ѝ веруваме на временската прогноза, тогаш денеска ќе биде сончево и топло, идеално за да го искористите денот на убав начин.
Нашиот предлог за стајлинг е полежерен, идеален за средба со пријатели или прошетка.
Комбинацијата е составена од широки фармерки и топол џемпер во пастелна нијанса. Струкот е истакнат со ремен, чантата е широка и шарена, што внесува динамика во стајлингот.
Изборот на обувки на фотографијата се чевли на потпетица, но лесно можете да ги замените со патики и да си овозможите удобност при движењето.
На крајот, додадете јакна или тенко капутче и уживајте во денот.