Добро утро. Сабота е, се надеваме дека викендот ќе го поминете во убава атмосфера и добро здравје. Кога е нашата рубрика за „Стајлинг на денот“ во прашање, ние овој пат одбравме лежерна комбинација, идеална за викенд-прошетки.

Облечете ги омилените фармерки. Искомбинирајте ги со плетена блуза, во конкретниов случај е во бела боја, но вие одберете ја бојата според вашиот вкус.

На тоа додадете долг капут и чизми до глужд.

Изгледот е заокружен со ранче, беретка и очила за сонце, кои ако судиме по сивото утро и нема баш да ви требаат.

Ви посакуваме убав викенд!

Објавено:
12 декември 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
559 пати