Добро утро. Сабота е, сончево е, се надеваме дека сте во добро расположение и здравје. Ако се размислувате како да го искористите денов, да направите некоја прошетка на отворено можеби, ние имаме предлог -стајлинг за вас.

Фармерки се секогаш добар избор, а овој пат се во комбинација со бела кошула и црн топ на прерамки. Црни чизми до глужд и мала чанта се изборот на модни додатоци.

Вие можете да направите своја верзија на стајлингот. Бојата на кошулата можете да ја смените, а секако додадете јакна.

Ви посакуваме убав ден.

Објавено:
17 октомври 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
541 пати