Добро утро! Викендот стартуваше, а ние за денес ви подготвивме една порелаксирана комбинација. Се одлучивме за џинс (на сликата е искинат, но вие можете да го замените со вашите омилени фармерки), топла блуза и кожена јакна со нагласени ракави.

Комбинацијата вклучува и впечатливи модни додатоци - беретка и црвени чизми до глужд, како и мала практична чанта за преку рамо.

Топло кафе, убаво цвеќе или средба со личностите што ги сакате, денеска можат да ви го направат денот уште поубав.

Комбинацијата бои ви ја препуштаме вам, се надеваме дека успеавме да ве инспирираме!

Ви посакуваме убав и релаксиран викенд.

Објавено:
15 февруари 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.041 пати