Добар ден. Викенд е, се надеваме дека сте во добро расположение и покрај тоа што надвор е тмурно.

А ние одлучивме да му пркосиме на времето со предлог-стајлингот во светли бои.

Ако имате потреба да излегувате од дома, облечете ги омилените фармерки кои можете да ги искомбинирате со блуза со точкаст принт или пак, некој друг што ви се допаѓа.

На тоа додадете јакна во некоја пастелна боја, во случајов тоа е виолетова, а во слична нијанса е и фантастичниот чадор кој од внатрешната страна е дизајниран како цвет и кој ќе ви го подобри расположението без оглед на тоа дали сакате или не да носите чадори.

Ви посакуваме убав ден!

Објавено:
17 април 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
418 пати