Морнарската тематика секогаш била интересна за модниот свет, а особено во лето е речиси секоја сезона присутна.

Затоа, нашиот денешен предлог за што да облечете оваа сабота, се однесува на фустан во морнарски стил. Со отворени, голи рамена, овој атрактивен модел е со бела основа и риги во тегет нијанса.

Може да го комбинирате со рамни сандали како во нашиот предлог, но и со патики, еспадрили или пак високи потпетици за вечерно излегување.

Имајте убав викенд.

 

Објавено:
25 јули 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
506 пати