Сабота во фустанче на риги
•
4 јули 2020
Добро утро. Сабота е, викенд е, се надеваме дека ќе го искористите на најдобар начин. Нашиот денешен предлог е памучно фустанче со риги во тегет-бела комбинацја.
Фустанчето е над колена, со ракави, а во комбинација со мала бела чанта преку рамо. Ременот ја истакнува половината и дава уште поубава силуета.
Изборот на обувки може да бидат патики или еспадрили, а марамата е уште еден моден додаток кој на целиот стајлинг ќе му даде летен „шмек“.
Ви посакуваме убав викенд.