Добро утро! Можеби токму сега размислувате како да го поминете слободниот ден и да уживате, во што не можеме да ви помогнеме многу, но можеме да ви помогнеме како да се облечете.

Нашиот денешен предлог е лежерно, широко фустанче, во случајов, во окер нијанса.

Поради кројот е совршено за различен тип градба, но и за жешки летни денови.

Интересен е и поради ракавите кои се малку ѕвонести и со набори на средината.

Рамениците се голи, што дава доза на сексапил, а парчето во предниот дел придонесува за елегантен изглед.

Можете да го комбинирате со патики, рамни обувки, сандали или обувки на висока потпетица - во зависност од тоа каде и како сакате да го носите.

Ви посакуваме убав викенд!

Објавено:
31 август 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.002 пати