
Пристигна омилениот дел од неделата – викенд! Иако утрово се разбудивме со малку пониски температури и ветер во главниот град, тоа не значи дека треба да ги одложите сите планови што ги имавте за денеска. Блеснете во полн сјај што и да одлучите да правите со оваа неверојатна есенска комбинација составена од шик ѕвон панталони со висок струк и сина кошулка со тренди апликации. Комбинацијата надополнете ја и со овој фантастичен мантил во темно сина нијанса кој совршено ќе се вклопи во целиот стајлинг. Со оглед на тоа што носиме ѕвон панталони, задолжително комбинирајте ги со чевли на потпетица, овој пат во кафена нијанса. Единствено нешто што ви треба за да ја украсите комбинацијата се овие слатки и впечатливи обетки и нежна и неодолива шминка.
Комбинација: Fashion Group
Панталони, кошула: Springfield
Мантил: Mango
Чевли: Bata
Обетки: Parfois
Шминка: Елена Андовска
Модел: Марго Бојаџиева, Моделс Ин