Добро утро. Оваа сабота е сончева, но и студена, па ако планирате да го искористите денот за прошетка, облечете се топло.

Нашиот предлог денеска е полежерна комбинација составена од фармерки, дуксер со качулка и карирана јакна, едно од најпопуларните парчиња сезонава.

На тоа додадете модни додатоци - чанта, очила за сонце, капа, а изборот на обувки може да бидат патики или други рамни обувки.

Ви посакуваме убава и весела сабота.

Објавено:
13 ноември 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
548 пати