Добро утро. Конечно викенд и време за одмор!
Се надеваме дека ќе го искористите убавото време на најубав начин, а ние сме тука да ве инспирираме кога е облеката во прашање.
Денешниот предлог е карирано мини фустанче.
Овој принт доминира меѓу пролетните трендови, па ако имате некое такво во гардероберот, ете убава шанса да си го облечете. Во конкретниов случај е со ластик на половината, што ја истакнува, во горниот дел е на копчиња, а ракавчињата се исто така со ластичиња.
На тоа е додадена сламена чанта, апсолутен хит за оваа сезона.
Кога се обувките во прашање, одберете го тоа што ви дава удобност - патики, балетанки, сандалки, еспадрили, или пак чевли на ниска потпетица.
Велосипедот е одлична идеја посебно на вака убаво време, па зошто да не го искористите денот и на овој начин.
Ви посакуваме убав викенд!