Оваа прекрасна сабота се разбудивме со сонце во градот па вистинско време е да уживаме во слободниот ден со ова неверојатно шик парче. За денешните прошетки и уживање со најблиските носиме сладок комбинезон во риги и го комбинираме со овие впечатливи балетанки во прекрасна темно розова боја. Чантата е во слична нијанса како и карминот, а задолжителни парчиња денеска се очилата за сонце и овие стилски обетки кои ви се сосема доволни кога станува збор за накит.

Уживајте во оваа сончева сабота!

Објавено:
9 јули 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
450 пати