Конечно викенд на кој можеме да му се радуваме! Ако во скоро време маглата исчезне, она што може да го направите е да ја одберете најдобрата и најлежерната комбинација за денеска и максимално да го искористите денот. Денеска носиме интересни и удобни фармерки во комбинација со стилска блузичка во жолта нијанса со интересна апликација во предниот дел. Комбинацијата надополнете ја со стилско палто во жолто – сива боја и класични жолти чевли кои се совршени за денешниот стајлинг. Секако, не заборавајте ја и модерната чанта украсена со додатоци од крзно, а и овие минимални обетки кои ќе додадат посебен шарм на вашиот изглед.

Имајте супер сабота! 

Објавено:
4 февруари 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
679 пати