Со оглед на жешкото време, нашиот денешен предлог е женствена, но пред сè лесна и летна комбинација. 

Фустан е едно од омилените парчиња на многу жени, бидејќи на најбрз начин сте дотерани.

Денешниов е со долги ракави, но од лесен, транспарентен материјал. Тоа што се малку набрани во рамениците и како и ременот на половина кој се врзува во панделка, го прават мошне женствен.

Принтот е свеж, со зелено-бели нијанси, што привлекуваат погледи, а лелеавото долго здолниште совршено за ова време од годината.

На фотографијата е во комбинација со елегантни сандали, што е супер опција за некоја летна свеченост, но можете да го комбинирате и со рамни обувки, за летни прошетки.

Ви посакуваме убав викенд!

Објавено:
27 јули 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
456 пати