Снегулките се нижат на апликацијата во телефонот и кажуваат дека денов ќе уживаме во бела покривка. Ако не ви се излегува од дома и сакате уште 5 минути во кревет, слободно лежете! Комбинацијата за денес ќе ја смислиме ние.

 

Омилениот пар долни тренерки, дебела еднобојна блуза, топол капут и капа против овие минусни температури. На нозете додадете патики или некои топли крзнени чизми. И сето тоа нека биде во бојата на омиленото капучино кое со задоволство ве буди. 

Имајте убава и безгрижна сабота!

Објавено:
13 февруари 2021
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
623 пати