Сабота во пастелни нијанси и чизми над колена
•
4 ноември 2017
Оваа сабота сме расположени за романтична комбинација која може да ја носите и како дневна и како вечерна варијанта.
Одбравме пастелна палета на бои што вклучува нијанси на сива и зелена боја.
Романтичниот фустан со висока јака, во цветен принт, го комбинираме со волнен капут во опуштен крој и чизми над колена во сива нијанса.
Комбинацијата ја заокружуваме со елегантна чанта што може да ја носиме со кратка или долга рачка.