Денешниот предлог за викенд комбинација може да ви послужи како идеја за секој нареден пролетен викенд откако ситуацијата ќе се нормализира и опушти.

Но, доколку оваа сабота оправдано мора да излезете од дома, тогаш искористете ја идејата денеска.
Нашиот предлог се сведува на неколку универзални, а тренди парчиња облека, што комбинирани меѓусебе комплетираат супер шик изглед.

Плисираното здолниште сè уште е тенденција, па не случајно е присутно во нашиот денешен стилски предлог.

Го комбинираме со патики, едноставна маичка и сако или блејзер.

Сепак, ако немате реална потреба да излегувате, останете дома, а овој предлог аутфит ќе стои во нашата архива на која секогаш може да се навратите кога немате идеја што да облечете.

 

Објавено:
4 април 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
1.016 пати