Добро утро. Времето надвор е за филм и кревет, но доколку сепак се одлучите да му пркосите, ние имаме предлог за вас како би можеле да се дотерате.

Плетените фустани се секогаш добра идеја, а овој со миди должина, и впечатливи ракави ќе биде одличен избор за повеќе пригоди.

Во комбинација е со кафени високи чизми, едни од најпопуларните обувки во оваа сезона.

Иако на фотографијата нема, секако од дома не излегувајте без капут одозгора и чадор.

Ви посакуваме убав викенд!

Објавено:
7 декември 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
3.184 пати