Добро утро!

Денес се одлучуваме за едноставна, но удобна комбинација која ќе ни дозволи слободно да се движиме низ град и да ги завршиме саботните обврски. Бела и мека плетена ролка совршено ќе ве загрее ова утро, и одлично ќе изгледа со пар осветлени фармерки со исечоци.

Фото: Pinterest

Оваа релаксирана комбинација ќе добие елегантна димензија доколку ја заокружите со кожна чанта во беж боја и соодветни кожни чевли до глужд.

Имајте убав викенд.

Објавено:
5 ноември 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
579 пати