Овој викенд одберете романтична комбинација што може да ја носите и преку ден и како вечерна варијанта.

Женствениот фустан на преклоп со цветен принт е сè уште една од водечките тенденции. Нема да погрешите ако одберете фустан во темно зелена варијанта и го комбинирате со капут во бледо сива боја.

Комбинацијата може да ја заокружите со елеганти чизми до глужд на дебела потпетица.

 

Објавено:
16 декември 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
766 пати