Снегот ќе нè дружи и викендов, па токму затоа денешниот предлог е една лежерна и топла комбинацјиа.

Се одлучивме за црни панталони со висок струк и пантенти кој го комбинираме со топол џемпер со ролка во пастелно розова боја.

Во истата нијанса се и чизмите со гумен ѓон, идеални за снег. Јакната е штепувана и во сребрено-сива нијанса, а во сличен тон се и капата и шалот.

Комбинацијата ја заокружуваме со црна чанта со ремен.

Имајте забавен викенд!

Објавено:
12 јануари 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
661 пати