Иако времето малку не' изненади, ви посакуваме максимално да се одморите и да уживате во овој продолжен викенд.

Нашиот предлог е една лесна и летна комбинација, која идеално ќе ви се вклопи во викенд-плановите.

Одберете шарено здолниште, во конкретниов случај е со должина под колена и со еден рамен карнер во долниот дел. Бела маичка е модна класика и совршено ќе се совпадне. На фотографијата има минималистички натпис, но вие одберете каква што имате или ви се допаѓа.

Очилата за сонце се задолжителен моден додаток, а кога се обувките во прашање, одберете влечки, сандали или еспадрили.

Ви посакуваме убав и релаксиран викенд.

Објавено:
1 август 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
284 пати