Конечно викенд! Денеска заборавете на сите обврски и задолжително поминете го денот во природа или прошетка на која чекавте цела недела. Блеснете во ова фустанче во боја на сонцето, а доколку излегувате порано, комбинирајте го со стилска тексас јакничка. Комбинацијата надополнете ја со овие уникатни балетанки со пеперутка во предниот дел и чанта во слични бои како и денешните парчиња. Секако, не заборавајте ги ниту очилата за сонце и големата насмевка без која не смеете да излезете од дома денеска.

Уживајте во сончевата сабота! 

Објавено:
13 мај 2017
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
501 пати