Добро утро!

Викенд е за релаксирање, па затоа денес одлучете се за некоја полежерна опција. За оваа сабота препорачуваме широки фармерки од светол џинс и винтиџ маичка со принт од рок бенд од '70-тите или '80тите. Во комбинација со тренди аксесоари, како очила за сонце и чанта, можете да му дадете модерен твист на ретро стилот кој во последно време е особено во тренд.

Доколку сакате да му дадете поелегантен допир на овој лежерен „рокерски" стајлинг, комбинирајте го со летни чизмички на високи потпетици. Без разлика на тоа дали ќе се одлучите за чевли во светла боја или пак вечната класика на црната, бидете сигурни дека нема да погрешите.

Уживајте во денот!

Објавено:
18 јуни 2022
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
464 пати