Оваа убава сончева сабота заслужува ведра и разиграна, стилска комбинација. Наш предлог е да направите стајлинг во кој ќе доминира секогаш актуелната сина боја.

Одберете миди здилниште со флорален принт во нијанси на сината боја и комбинирајте го со едноставна црна маичка со тенки прерамки.

Модните додатоци што се задолжителни за оваа летна сезона се сламен шешир, кој покрај неговата естетска има и практична функција да ве заштити од сонцето, како и балетанки на врзување, исто така во сина боја.

Предноста на оваа комбинација е тоа што е сосема соодветна независно дали се наоѓате на викенд покрај море или планирате саботно попладневно кафе со пријателките.

Објавено:
30 јули 2016
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
401 пати