Сабота во сиво џемперче, џинс со висок струк и чизми
•
28 септември 2019
Конечно викенд и време за себе! Искористете го максимално овој ден и прошетајте со пријателите или семејството, одвојте време за шопинг или едноставна прошетка во парк.
За време на викендот секогаш носиме едноставни и лежерни комбинации, па токму таква одбравме и денеска.
Носиме едноставни фармерки во светла нијанса со висок струк и ги комбинираме со нежно сиво џемперче. Комбинацијата заокружете ја со ниски црни чизмички или и чанта во иста нијанса.
Бидејќи се чини дека ќе уживаме во сонцето во текот на целиот ден, со вас понесете ги очилата за сонце, а украсете ја комбинацијата и со накит во златна нијанса.
Имајте супер сабота!