Оваа сабота ви подготвивме една лежерна предлог-комбинација. Без разлика дали ќе се одлучите за прошетка, средба со пријателите, неофицијален семеен ручек, веруваме дека инспирацијата ќе ја најдете токму кај нас.

Денешниот стајлинг е составен од тесни кожени панталони, сива блуза имрповизирана јака од кошула и принт на круна на средина на педниот дел. Со оглед на ниските температури, можете нависитна да облечете слична блуза со кошула одоздола. На тоа додаваме црн капут со пантент и кожени детали.

Комбинацијата ја заокружуваме со сиви чизми до глужд, чанта со интересен принт и впечатлив кармин.

Иако ги нема на фотографијата, додадете капа и топол шал и уживајте во овој убав, сончев, зимски ден!

Објавено:
1 декември 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
693 пати