Сабота во сиво плисирано здолниште и црна маичка со принт

17 август 2019

Викендот е време за уживање и убави средби со пријателите и семејството, па ни треба некоја комбинација што истовремено ќе биде стилска и удобна.

Денеска носиме токму таква составена од неколку урбани парчиња. Одбравме плисирано здолниште во сива нијанса и го комбинираме со црна маичка на куси ракави со натпис во предниот дел.

Комбинацијата заокружете ја со бели едноставни и пред сѐ, удобни патики, како и стилска транспарентна чантичка и секако, очила за сонце.

Имајте убав викенд!

Фото: Pinterest

Објавено:
17 август 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
522 пати