Конечно викенд! Доколку денеска се решите да ги завршите обврските што долго чекаа на вас или пак едноставно денот да го поминете со пријателите или семејството во прошетка, ние ја имаме совршената комбинација.

Чувствувајте се удобно во ова супер лежерно сиво здолниште комбинирано со едноставна и лесна маичка на пруги.

Доколку се решите да излезете порано од дома, тогаш комбинацијата надополнете ја со стилско тексас палто и секако, незаменливите старки кои ги обожаваме во секоја комбинација.

Што се однесува до модните додатоци, очилата и чантата се единствените што ви се потребни.

Имајте убав викенд!

Фото: Пинтерест

Објавено:
28 април 2018
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
457 пати