Сабота во совршена пастелна
•
23 јули 2016
Конечно дојде и викендот кој сите толку го обожаваме! Доколку веќе испланиравте како ќе ја поминете оваа вечер, тогаш ние ја имаме совршената комбинација за вас. Блеснете во полн сјај и дотерајте се колку што можете повеќе! Одберете слатко фустанче во пастелно розова боја со тенки прерамки и откриени рамена. Комбинирајте го со стилски сандали на висока потпетица дополнети со шик врвки и тенки ремчиња. Украсете ја комбинацијата со оваа модерна чанта со летни апликации и ремче во златна боја. Што се однесува до накитот, единствено носиме часовник и choker ланче во златна нијанса која совршено ќе се вклопи со останатите бои од комбинацијата.
Уживајте во викендот!