Добро утро, викенд е и се надеваме дека сте добро расположени. Сонцето почнува да се наѕира, па доколку планирате некаква прошетка, ние имаме идеја за тоа што би можеле да облечете.

Нашиот предлог е комбинација составена од парчиња во неутрални нијанси. Панталоните во беж нијанса се спортски и на ластик, а во комбинација со блуза во бела нијанса. На тоа е додаден капут со должина под колена.

Патики се изборот на обувки, а со капа и ранче стајлингот е заокружен.

Уживајте во денот и викендот.

Објавено:
14 ноември 2020
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
642 пати