Стилот на Џенифер Лопез секогаш е оценуван како еден од највпечатливите, па и покрај тоа што ѝ се случувале и погрешни избори, сепак таа е синоним за една од најдобро облечените жени во глобалниот шоу бизнис.

Во моментов е актуелна како дел од жирито на музичкото шоу „Американски идол", каде викендов на аудицијата во Филаделфија се појави во креација на брендот Mugler.

Мини фустанот со висока ролка во темно сина боја со аплицирани метални детали е од зимската колекција за 2015 година, а Џенифер дефинитивно зане како да го носи и да ги потенцира своите атрибути.

Комбинацијата е финиширана со салонки во истата боја и едноставна фризура.

Објавено:
22 август 2015
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
636 пати