Сабота во тексасен фустан и патики
•
16 април 2022
Добро утро. Се надеваме дека сте добро расположени и дека не' читате во добро здравје. Со оглед на тоа дека е викенд, нашиот денешен предлог е лежерна и удобна комбинација.
Џинсот е секогаш добар избор за пролет, а нашиот предлог е кошула фустан. Искомбинирајте го со патики и марама, а можете да додадете и ремен, ако сакате да го истакнете струкот.
Доколку сте љубители на модните додатоци, можете да додадете и шешир, и мала чанта за преку рамо и вака подготвени да уживате во убава пролетна прошетка.
Ви посакуваме убав ден.