Доколку денеска сте ослободени од работни обврски, искористете го денот на најубав можен начин. Сонцето повторно ни го врати расположението, а Градскиот парк нуди повеќе настани, па е идеална можност да се спои убаво и корисно.

Кога е стајлингот во прашање, нашиот денешен предлог е тексасно здолниште со везени детали. Го комбинираме со романтична кошула со мали карнери на ракавите, во корална нијанса. 

Стајлингот е заокружен со патики, очила за сонце и чанта.

Имајте супер сабота!

Објавено:
18 мај 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
512 пати