Конечно викенд! Иако времето е облачно, тоа не значи дека треба да ги откажеме сите планови за денеска. Облечете супер удобна комбинација и одете на кафе или ручек со пријателките или завршете ги работните обврски што ги одложувавте долго време.

Денеска ви предлагаме да уживате во оваа едноставна, но стилска комбинација составена од едноставни фармерки во темна нијанса, тенка ролка на пруги и лежерно кафено џемперче со копчиња.

Комбинацијата надополнете ја со овие балетанки со животински принт, ранче во иста нијанса како и џемперчето и накит по ваш избор.

Уживајте во прекрасниот викенд!

Фото: Pinterest

Објавено:
2 март 2019
Категорија: 
Стајлинг на денот
Прочитано:
903 пати